webinar register page

ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ ИЛИ ДАЛЕКУ ОД УЧЕЊЕ?
Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) и Фондацијата Конрад Аденауер со задоволство ве покануваат на презентација на резултатите од анализата: Далечинско учење или далеку од учење? Анализа на спроведувањето на моделот на далечинско учење во средните училишта во учебната 2020/2021 година.

Презентацијата ќе се одржи на 17.02.2021, онлајн со почеток од 10.30ч.

На средбата ќе се обрати официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија г-дин Даниел Браун.

Авторите Иван Јованов и Илија Станковски од ЛЕАД ќе ги презентираат наодите и заклучоците од националното истражување за процесот на спроведување на моделот на далечинско учење во средните училишта, во првото полугодие од учебната 2020/21 година кои меѓудругото ги опфатија и следните важни прашања: Како се спроведуваше далечинското учење во средното образование? Кои беа најголемите предизвици со кои соочија наставниците и учениците? Какво е задоволството од Националната платформа за далечинско учење? Колку се чувствуваат сигурни учениците во ваков амбиент? Кои се позитивните примери и научените лекции?

Доколку ви се потребни дополнителни информации обратете се на следнава адреса- info@lead.org.mk или на 070/86-84-86.

Feb 17, 2021 10:30 AM in Sarajevo, Skopje, Zagreb

Webinar is over, you cannot register now. If you have any questions, please contact Webinar host: KAS Skopje.